Со Груевски на чело на Владата, секако дека не би прифатиле преодна влада. Тој е главата на целиот овој извитоперен систем во којшто живееме, вели во интервјуто за Капитал лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Zaev-2

Според она што го објавуваме, може да се препознае совесноста во одредени моменти, кај одредени министри, и логично е тие први да си заминат, пред Груевски. Соучесници се и тие, но, сѐ што се правело, се случувало по умисла на Груевски. Така што, Груевски не може да опстои како премиер. Некои велат, ќе притисне Европската унија… ако тие имаат аргументи да објаснат зошто Груевски треба да остане премиер или да остане оваа Влада, ајде, нека го објаснат тоа пред граѓаните.ремиер или да остане оваа Влада, ајде, нека го објаснат тоа пред граѓаните…

Секое демократско однесување, вклучително и излегувањето на улица, како поинаков начин на демонстрација на ставот на граѓаните во врска со случувањата во Македонија, секако се дозволиви секаде, па, и во Македонија. Не може да се случи полошо нешто од она што се случувало во земјата. Властодршците станале господари на животот и на смртта, одлучувале кој ќе живее, а кој не, кој ќе биде на слобода, а кој не. Ова е недозволиво и мора да биде спречено..

Но, она што го чувствувам, и ме загрижува, е гневот што расте кај луѓето. Досега се трудиме, заедно со граѓаните, да го канализираме тој гнев, преку општинските активности, како средбите со невладини организации, посетите од врата на врата, протестите … Но, гневот сѐ повеќе расте зашто граѓаните сѐ повеќе се соочуваат со реалноста, со она што се случувало во Македонија. Овој гнев не можеме да гарантираме до кога ќе можеме да го контролираме. Верувам дека ќе нема потреба да дојде до некои помасовни раздвижувања во државата, зашто сум оптимист и очекувам да се најдат решенија за политичката криза низ преговори.

повеќе тука

 

Слични содржини