Заев за српски Курир – до крајот на месецот ќе имаме нова влада!

од Vladimir Zorba
Ќе се  бара меѓународни истраги за настаните во Куманово, но и за како што вели, убиството на Никола Младенов и активистот на ВМРО-ДПМНЕ,  Мартин Нешковски.
  Јас сум убеден дека во месец мај, Македонија ќе има Влада, предводена од СДСМ.
 Меѓудругото, борбата која ја водиме е да имаме независни медиуми, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги купуваше со се газди, и  новинари и уредници. Голем дел од младите ја напуштаат Македонија и тоа не го прават само проади оа што немаат пари, туку затоа што нема слобода. Ова е одговорот на лидерот на СДСМ Зоран Заев прашањето на новинарот на српски Курир, кога во Македонија ке има нова Влада?
Заев во интервјуто одовара и за тоа дали го прифатил барањето во Платформата од Тирана да биде осуден геноцидот врз Аланците.
Никој не побарал од Зоран Заев да направи нешто против Македонците, Србите или било кој друг народ од соседството. Јас добив огромен број на гласови од Албанци, Срби, Роми и Турци. Ние сме против геноцид. Но, дали некој ќе дебатира за вакво прашање, тоа е друга работа. Во демократија, не можеш да забраниш дебата. На Груевски, не’ само што не му беше проблем платформата, туку и ја прифати истата. Тие не го прифатија само СЈО. Тој преговараше 20 дена и потоа објави дека прифатил, но во последен момент работите трганале во друг правец. Кога тргнавме ние да преговараме, тој објави дека тоа е Тиранска платформа“

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот според Зоран Заев. Односно, тој вели „Tаму каде што повеќе од 20% од населението е албанско, таму вториот јазик е албански. Новиот закон предвидува употреба на јазиците во правни постапки. Нема ништо спорно. Јазикот е да се разбереме. Ниту ДУИ, ниту Беса, ниту Алијанса не барале нешто што е против другите националности“.

Зоран Заев вели дека тие со прислушкуваните разговори, ги објавиле и криминалите на ДУИ.

„ Главниот услов за формирање на влада е правна држава. Ниту Заев смее да заштити некој од СДСМ, ниту ДУИ, ниту било кој. Нема заштита за ниту еден поединец. Нема дилеми во делот на коалицијата. Ако некој министер во Владата биде обвинет, тој ќе се повлекува“, вели Заев.

 

Тој зборувше и за прислушкуваните разговори, за постапките на СЈО, но и за тоа кој се’ бил прислушкуван, а повтори дека ќе бараат меѓународни истраги за настаните во Куманово, но и за како што вели, убиството на Никола Младенов и активистот на ВМРО-ДПМНЕ,  Мартин Нешковски.

целото интервју тука

Слични содржини