Политичките лидери и високите функционери во партиите се изморија од долгите преговори.

gruevski-vo-izrael

Како што дознава „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, моментално е на годишен одмор, а наредните денови ќе одмараат и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, и портпаролот Петре Шилегов.

Како што информираат од СДСМ, тие „нема да користат класичен годишен одмор, туку ќе спојат неколку дена со викенд“. Оттаму не кажаа каде моментално летува Заев и каде својот одмор ќе го искористат високите функционери на партијата.

Премиерот Никола Груевски, пак, од денеска и официјално е во Македонија и присуствуваше на презентација на договор за реализација на инвестиција на компанијата „Кранфилд фаундри“.

Откако во јавноста се појави фотографија дека е на годишен одмор во Израел, а тоа го потврди и неговиот кабинет со информацијата објавена на 20 јули, тој првпат денеска е виден во Македонија. Од неговиот кабинет тогаш известија дека тој заедно со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во Израел.

МЕТА

Слични содржини