Заев-Жбогар: Брисел гледа отворени можности за напредок на Македонија

од desk2

Брисел ја реафирмира поддршката за реформската Влада во Македонија, со земјите-членки на ЕУ сега гледаат можност за напредок на државата и се подготвени на принципиелно и експертско ниво да и помогнат во реформскиот процес, истакнал амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, во контекст на реафирмирана поддршката на Брисел од Владата е изразена подготвеност за суштински промени во државата со цел подигнување на квалитетот на животот на граѓаните, демократизација на општеството и отворање на евроатлантските перспективи на државата.

Заев и Жбогар разговарале за претстојните реформи во делот на правосудниот систем, во делот на медиумите и воспоставувањето професионални државни институции. – Владата е цврсто определена кон создавање услови за независно судство, објективни медиуми, ефикасни државни институции, чијашто цел се единствено потребите на граѓаните.

Реформите на коишто се обврзавме во Планот 3-6-9 и ќе продолжиме да ги реализираме, инклузивно, со можност за вклученост на сите, поединци, групи, граѓанскиот сектор, опозицијата.

Од големо значење е и поддршката и помошта што ја добиваме од нашите пријатели од Европа, кон која што се стремиме како држава, рекол премиерот Заев.

– На средбата е поздравен исчекорот што го прави Владата на Република Македонија кон добрососедските односи, во духот на регионалната соработка која што отвора евро-атлантски перспективи, а со тоа и стабилност и безбедност за целиот регион, се вели во соопштението.

Слични содржини