Загадувањето на маските во Вевчани

од desk2

Загадувањето, патните трошоци на пратениците, двојазичноста, нападот во Собранието на 27 април, правата на ЛГБТ заедницата, беа само дел од пораките и маските кои денеска продефилираа на Вевчанскиот карневал, пишува СДК.


По улиците во Горна и Долна маала преку маски се пресликуваа случувањата од минатата година, не само во земјава, туку и во светот.

Низ Вевчани продефилираа и претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, германската канцеларка Ангела Меркел.

На дефилето на маски не изостанаа ни глупави августи, ѓаволи, музиканти и голем број групни маски, како мали сцени на отворено.

Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на каренвалски градови.

Вевчанскиот карневал завршува утре, со традиционалното палење на маските./SDK

Слични содржини