Загадувањето повторно во пораст

од Vladimir Zorba

Алармот за загадувањето  во метропоата и другите градови во Македонија   повторно се вклучи.

Граѓаните на социјалните мрежи ги споделуваат последните мерења на квалитетот на воздухот во главниот град и концентрацијата на штетните ПМ10 и ПМ2.5 честички и бараат одговор зошто не се преземаат мерки против труењето.

Енормно загадување е регистрирано во речиси сите скопски општини, а слична е ситуацијата и во останатите градови.

Секаде каде што има огрев на дрва и концетрација на поголеми такви населби загаденоста е присутна . Чист воздух изгледа се диши само во Лазарполе, или во сите градови и населени места  кадешто има мерни станици ситуацијата е загрижувачка.

За денеска се најавува ниска облачност , а тоа значи нема струења на ветер и уште поголема концетрација на загадениот воздух.

Слични содржини