Загина пешак во сообраќајка кај Возарци

од Vladimir Zorba

policija-lenta

Во сообраќајна несреќа попладнево загина пешак кај кавадаречко Возарци, потврдуваат од МВР.

– Околу 14 часот на пат кон селото Возарци, на мостот на реката Црна, од страна на патничко моторно возило бил прегазен Н.С. од селото Дреново, роден 1959 година. Пешакот починал на лице место, соопштија од МВР.

Увидот на лице место е во тек./извор а1он

Слични содржини