Загина жена кај Мажучиште

од desk2

Во сообраќајна незгода на патот Прилеп – Македонски Брод загина 65 – годишна жена, соопшти полицијата.


Во средата околу 11 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, во близина на с.Мажучиште, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило “Ауди А6“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.З. (35) од с.Десово, излетало од коловозот и се превртело.

На местото на настанот починала сопатничката Е.Р. (56) од с.Десово. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.

Слични содржини