Загинаа три члена од едно семејство во вулкан во Италија

од desk2

Три членови на едно семејство загинаа во вулкан во Пуцоли, во близина на Неапол, соопшти италијанската полиција.

Мајка и татко на возраст од 42 и 45 години и нивниот 11-годишен син загинаа во кратерот Солфатара, додека нивниот седумгодишен син преживеал.

Според извештајот, се верува дека 11-годишникот влегол во забранета зона за посетители во вулканот, при што се отворила дупка од три метри во која паднал, а по него и неговите родители.

Тројцата починале од отровни гасови кои излегуваат од вукланот.

„Се уште се трудиме да разбереме што се случило“, вели вработен во паркот. „Ги преминале безбедносните граници и паднале во дупка“.
Пожарникарите ги нашле телата на починатите, кои живееле во Мелео, во регионот Венето.
Седумгодишникот добил помош од психолог, јави италијанска Repubblica.

Сопственик на кафуле во близина на кратерот вели дека во 40-годишна кариера не видел слична несреќа.

Солфатара во Кампи Флегри е голема вулканска област направена од 24 кратери. Името СОлфатара доаѓа од терминот „сулфурна земја“, ‘sulhpur terra’.

Не еруптирал од 12 век пред наша ера, но е популарен кај туристите поради калливите базени полни сулфур, кои имаат медицинско дејство.

Слични содржини