Загинало седумгодишното Британче кое по нападите во Барселона беше исчезнато

од desk2

Седумгодишниот Џулијан Кадман, момчето кое со денови по терористичкиот напад во Барселона, Шпанија се водеше како исчезнат, смртно настрадал, потврди полицијата.


Неговото семејство по нападот ги молеа луѓето кои имаат некаква информација да им кажат. Имено, тој за време на метежот при нападот се одвоил од мајката, а денеска стигна потврда дека тој е еден од 13 загинати.

Седумгодишниот дошол во барселона со мајката за да одат на венчавка, а неговата мајка се уште е во тешка состојба во болница.

Момчето со британско-австралиско државјанство е уште една невина жртва на терористите кои со комбе покосија пешаци на најпознатата улица во Барселона, ла Рамбла, минатиот четврток. При тоа беа повредени околу 100 луѓе.

Слични содржини