Заглави ад хок телото за медиуми, средбите продолжуваат од понеделник

од desk3

Членовите на привременото ад хок тело за следење на работата на медиумите за време на изборите, не постигнаа договор за избор на петтиот член, а средбите ќе продолжат од понеделник.

Четворицата членови не успеаја да постигнат консензус иако рокот за изборот на петтиот член, кој треба да биде Албанец, истече во средата.

mediumi

Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторна средба да имаат во понеделник.

Рокот за формирањето на ова привремено тело истече во средата. Ад хок телото мора целосно да се формира до вторник, за во среда, на 31 август лидерите на четирите најголеми политички партии да можат да одржат лидерска средба на која треба да се одреди датумот за избори.

Вчера Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) ја усвои методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори.

 

META

Слични содржини