Загрижувачки: Рим пропаѓа во земја

од desk2

 

Само во последните две години во Рим, главниот град на Италија, се отвориле дури 44 дупки во земјата. Тоа знаечи дека на секои неколку дена се појавува нов јратер во асфалтот.

Овие кратери обично се големи колку една помала соба, по неколку метри во должина и во ширина, но и во длабочина.

Во февруари шест автомобили пропаднаа во дупка покрај улицата Виа Ливио Андронио, а евакирани се цели згради.

Гардијан пишува дека ова не е нов феномен: од 2010 година, во просек во Рим се јавуваат годишно по 90 дупки во земјата.

Во 2014 биле 104, а 2018 година веројатно ќе постави нов рекорд.

Проблемот очигледно се влоѓува, а улиците полека почнуваат да личат на кашакавал со дупки, додека сите во Италија се прашуваат зошто земјата пропаѓа како пијана.

Некои за ова го обвинуваат дожсот.

Имено, Римјаните навикнале цела зима да носат очила за сонце, но во минатите шест месеци, времето било највлажно во историјата на градот.

Во септември лани беше затворено метрото поради надојдените реки кои ги поплавија подвижните скали, а станиците на метрото личеа на огромни туш кабинизатоа што од таванот протекуваше вода. Илјадници автомобили се најдоа под вода до ретровизорите.

Во ноември натпреварот на фудбалскиот клуб Лацио против Удинезе беше одложен поради силен дожд, а минатата недела имаше повеќе случаи на поплави во метрото.

Во последните месеци во централна Италија паднаа за 141 отсто повеќе дождови отколку што е вообичаено.

Дождот е голем проблем и поради геологијата на градот. Поголемиот дел на Рим е изграден на меки седименти, што значи водата испира талози кои на тлото му пружаат цврсина.

На меката земја не и одговараат ни земјотреси ни вибрации од непрестаниот сообраќај.

Дополнителната вода не доаѓа од небо, туку од остатоците на подземните структури. Античките аквадукти, како Верџине, кој испорачува вода за фонтаната Ди Треви, се уште е во употреба. Заради нивното протекување на патот од слатководните езера во близина на Лацио до славините на домовите на Римјаните, се губи 50 отсто од водата.

Многу делови на градската канализација се направени од керамика и плочки, а се тоа придонесува под површината на градот да има околу 32 квадратни километри тунели, шуплини, катакомби и каменоломи.

Градското собрание на многу начини ја влоѓи состојбата, пишува Гардијан, наведувајќи дека членовите се трајно корумпирани и хронично некомпетентни.

Тендерите за поправките на улиците траат со години заради бирократија, а кога договоорт конечно че биде потпишан, компаниите лошо ги закрпуваат улиците.

Истовремено, поради оштетените возила и кршење на коските поради паѓање, за осигурување се исплаќаат огромни суми, пишува Klix.

Римјаните со овие проблеми се носат со карактеристичниот хумор. Низ смеа кажуваат дека Хонда својот истражувачки центар го преселила во Рим затоа што овој град има најлоши улици на светот на кои се тестираат амортизерите на автомобилите.

Сепак, дупките се сериозен потсетник на екстремните временски услови и неспособноста на бирократијата да излезе на крај со нив.

Минатиот месец, поранешниот градоначалник на Џенова, Марта Винченци, осудена е на пет години затвор поради тоа што не ги презела потребните мерки за безбедност за време на поплавата во 2011 година, во која смртно настрадаа четири жени и две деца.

Слични содржини