Захарова: ОН да развие стратегија за борба против лажните вести

од Vladimir Zorba

Портпаролката на Министерството за одбрана на Русија, Марија Захарова инсистира Обединети нации да развијат меѓународна стратегија за борба против лажните вести и дезинформации, што ги спореди со епидемија на вирус.

– Масовното производство на лажни вести е резултат на падот на професионални стандарди во медиумите, истакна Захарова во ОН.

Таа додаде дека руската делегација поднела предлог за развој на клучните параметри за стратегија на борбата против лажните вести и дезинформации.

– Русија е подготвена да понуди помош во задачата чија важност не може да биде преценета, посочи Захарова.

Слични содржини