Зајакнати мерките на безбедност во Италија

од desk2

Италија денеска ги зајакна мерките на безбедност за спречување на терористички напади на архитектонските и уметничките локации, како и на поголемите пешаки зони по нападите во Шпанија, Финска и Русија.


Италија не беше на мета на екстремистите, но често се спомнува во предупредувањата на Исламска држава, дека Рим И ватикан се на листата на моќни напади.

Според наводите на ителијанските медиуми, дополнителни 50 полицајци носат преносни скенери и вршат проверки на 10.000 луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во ватикан, поради неделната молитва на папата.

Префектурата која е надлежна за сигурноста на Пим вчера донесе одлука да ги зголеми мерките за безбедност на поголемите пешачки зони кои би можеле да бидат погодени од слични напади како во Барселона, Стокхолм, Берлин и Лондон.

Според медиумите, планирани се нови бетонски препреки за дел од познатата улица Via del Corso иза областа околу Форумот во рим.
Нови препреки кои би спречиле возила да влетаат во луѓето забележани се последните денови во центарот на Mилано, Болоња и Торино додека слични се планираат и во Палермо.

Слични содржини