Закана со нож на аптекарка, на вработен во бензинска му впериле пиштол

од desk3

Во аптека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа непознат сторител со закана со нож од вработената украл околу 22.000 денари, по што побегнал.

Околу 2 часот по полноќ, вработен во бензинска пумпа во населба Илинден, пријавил дека две непознати со закана со пиштол, влегле во бензиската пумпа и од касата одзеле засега неутврдена сума на пари, по што побегнале.

Слични содржини