Закани, списоци и притисоци пред утрешниот митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

од Vladimir Zorba

Буџетарите и админситрацијата на  ВМРО ДПМНЕ од цела Македонија мораат  на список да дојдат на митингот во Скопје. Партиските челници  и локални шерифи на ВМРО ДПМНЕ им се заканувале дека кој нема да дојде на митнг во понеделник да не доаѓа на работа. Во анонимни дојави до нашиот медиум ,дел од луѓето велат и дека им било кажувано  дека на влезот ќе имало и список и  камера и ако ги немало на снимката дека ќе добијат отказ,  велат повеќе админстративци кои и не се ниту членови на партијата туку  дел од колиционите партнери на власта, или само буџетари.

 gru3-630x381[1]

Истата информација ја потврдуваат и  граѓански новинари на Цивил Медиа, кои посочуваат дека во здравствените домови, болници, општини, училишта…, во повеќе градови во Македонија,  се врши интензивна мобилизација не само на државната администрација, туку и на сите буџетари, за митингот на ВМРО-ДПМНЕ закажан во недела во Скопје, .

„Се прават списоци во училишта, се ангажираат наставници и професори, им се наложува задолжително да присуствуваат на митингот во недела“, вели граѓанка од мало гратче во Источна Македонија, која инсистира на својата анонимност, исплашена за својата безбедност и работна иднина.

Од друг град од внатрешноста, пак, јавуваат граѓански новинари, се прават списоци на вработени во образованието и во Општината.

„Ќе се потпишуваат на список при влез во автобус, а потоа, кога ќе стигнат во салата’Борис Трајковски’, на списокот ќе треба да стават потпис, како потврда за нивното присуство. Кажано им е дека не смеат да отсуствуваат. На луѓето, иако се партиски членови, веќе им е здодеано да се јавуваат на сите митинзи, па наместо доброволно, од нив да се бара задолжително присуство“, вели граѓанскиот новинар, соработник на ЦИВИЛ Медиа.

Од друг град, на југозападот на државата, доаѓа реакција на граѓанка.

„Отидов на преглед во болница, и наместо да направат целосно ехо на стомак, докторот, вознемирен поради престојните активности, го скрати прегледот и ми рече дека во следната прилика, ќе ми обрне повеќе внимание“, се жали соговорничката на Цивил.

Од еден од поголемите македонски градови, доаѓаат реакции, дека масовно се вршат подготовки за митингот во недела.

„Па, на ништо друго не мислат, само тоа зборуваат. Особено оние нововработените, на коишто им се ветуваат решенија на неопределено… Тоа што им кажуваат на состаноци, тие го пренесуваат на работни места, собрани во групи во ходниците, додека излегуваат на пауза“, вели соговорничката на Цивил.

Либертас уште минатата недела објави фотографија од смс порака со барање за присуство на митингот, за кој е обезбеден превоз а за кој се прават списоци по месни комитети.

Слични содржини