Закани за напад на Обама за време на посетата на Атина

од desk3

Грчката полиција презема силни мерки поради можен напад врз американскиот претседател Барак Обама кој во вторник и среда ќе ја посети Атина. Зголемената претпазливост на грчките власти доаѓа по заканата од терористичка организација „Огнени јадра“ за напад за време на посетата на Обама во грчката престолнина.

atina-1-860x680

Само ден по нападот на француската амбасада во Атина, за кој се уште никој нема преземено одговорност, „Огнени јадра“ излегоа со соопштение во кое повикуваат на напади за време на посетата на Обама со цел да се саботира посетата и да се „расипе забавата“ на политичарите.

„Забавата на властите ќе ја трансформира Атина во град под воена опсада, со илјадници полицајци на улиците кои ќе ја наметнат моќта на естаблишментот. Ние анархистите, како единствен внатрешен непријател на власта, можеме да станеме катализатор на судирите и да им ја расипеме прославата. Меѓутоа организацијата на напади и судири за време на посетата на американскиот претседател не сакаме да се ограничи на само привремено ослободување. Саботажата на посетата на американскиот претседател може да биде почеток на формирањето организирано анархистичко движење со цел напади и уништување на државата и моќта“, се вели во соопштението на „Огнени јадра“.

Организацијата пред само неколку недели постави бомба пред зградата на една грчка јавна обвинителка и најави дека сето ова е дел од нејзиниот план „Немесис“ за напади на грчки политичари, полицајци, судии и бизнисмени.

Поради нападот на француската амбасада и заканата од „Огнени јадра“ грчката полиција планира значително да ги засили безбедносните мерки. За време на посетата на Обама центарот на Атина ќе го штитат над 5.000 полицајци и специјалци, се очекуваат 500 агенти на ЦИА, ќе се користат дронови со цел да се внимава да не се забележи сомнителна активност. Целата опрема, возила, технологија на американското обезбедување ќе биде пренесено авионски во Атина во следните денови.

Половина час пред транспортот на Обама од аеродромот кон центарот улиците ќе бидат целосно затворени. Точната програма кога пристига Обама и во колку часот ќе има средби со грчкиот државен врв, како и хотелот каде ќе престојува се уште не се соопштени.

Од безбедносни причини, говорот на Обама кој требаше да се одржи на ридот Филопапу, спроти Акропол е преместен во новиот културен центар „Ставрос Ниархос“.

 

META

Слични содржини