Заклучоци на ПССЕ за предвремените парламентарни избори во Македонија

од Vladimir Zorba

Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември беа суштински чекор во решавањето на длабоката политичка криза која траеше две години. Главните политички сили се согласија на серија законски и институционални промени за да се обезбеди рамноправно учество на овие избори, се вели во зкалучоците на ПССЕ по набљудувачката мисија на изборите во Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Претставувајќи го извештајот австрискиот социјалист Стефан Шенах, потсети на контекстот во кој се одржаа изборите, поточно на политичката криза која траеше две години, по бојкотот на Парламентот од опозицијата, и масовната интервенција на Еропската унија која доведе до напредок со измени во Владата, формирањето на СЈО, амнестијата…

Австрискиот парламентарец кој ја преводеше делегацијата на ПССЕ во Македонија за време на изборите понатаму изрази и загриженост со оглед, као што рече, дека по изборите се уште не е формирана владата.

– Се досега не е создадена влада и тоа не загрижува, ние како Совет на Европа треба да го следиме тоа, рече Шехан.

Во заклучоците на ПССЕ се посочува и дека основните прашања, како што се запишувањето на гласачите и медиумите, се уште треба да се решат трајно.

– Кампањата беше конкурентна, но таа се одржа во клима која се карактеризира со недоверба на јавноста во институциите и во политичкиот естаблишмент, и сомневањата за притисок врз гласачите. Изборната администрација, работеше многу на подготовките за изборите и не ги испочитува сите рокови, но на денот на изборите тие беа општо добро спроведени и поминаа без поголеми инциденти, се вели во заклучоците.

Во нив се оценува и дека правната рамка генерално е погодна за спроведување демократски избори. – Значителното подобрување на изборното законодавство во 2015 година дозволи да се следат претходните препораки на ОДИХР/ОБСЕ и Венецијанската комисија. Дополнителните измени во 2016 година воведоа привремени механизми за меѓупартиски надзор на клучните аспекти на изборниот процес. Сепак, некои препораки не беа следени или пак се нејасни или во конфликт со други закони. Покрај тоа, додека процесот на реформи ужива поддршка од четирите најголеми политички партии, одлуките беа носени и под притисок на времето и без консултација со заинтересираните релевантни изборни страни, стои во заклучоците на ПССЕ.

Подготовките на ДИК за изборите, се наведува во заклучоците, биле попречени од неефикасната внатрешната организација, со што се политизирале одлуките и биле скратени законските рокови.

– Неколку рокови беа пропуштени и некои постапки не се разјаснети. Активностите на ДИК не беа секогаш транспарентни, бидејќи нејзините состаноци често се одржуваат на затворени седници и таа секогаш не ги објавиуваше своите одлуки. Комисиите на пониско ниво обично работеле на професионален начин, иако некои од нив немале соодветни простории, навремено финансирање и опрема, вели ПССЕ во заклучоците.

Посочува дека вкупно 1.784.416 гласачи се регистрирани во Македонија и оти за решавање на долготрајната недоверба во точноста на избирачкиот список, за прв пат ДИК ги разгледувала гласачите регистрирани со пресекување и проверка на повеќе бази на податоци и спроведување на теренски проверки.

– Спроведената контрола не е гаранција за траен напредок бидејќи таа се однесуваше само на овие избори. Правните и структурни недостатоци за одржување на гласачките листи се уште треба да се решат. Процесот на ревизија ја подобри точноста на регистрираните гласачи, но се чини дека таа доведе некои граѓани да бидат лишени од можноста да гласаат на овие избори, се вели во заклучоците.

Во нив се додава дека ДИК регистрирала шест политички партии и пет коалиции за овие избори. – Општо земено, никој не беше исклучен, но регистрацијата со нејасните правни рамки, доведе до одбивање на кандидатски листи на две партии врз некохорентна соснова. Во согласност со подобрената квота за учество на жените, 41 процент од кандидатите беа жени, иако тие беа на врвот само на четири од 58 листи, посочува ПССЕ.

Оттаму сметаат дека иако основните слободи биле генерално почитувани во целина и кандидатите можеле слободно да ја водат кампањата, изборите се одржале во клима која била карактеризирана со недостаток на јавна доверба во институциите и во политичкиот естаблишмент.

– Уверливи сомневања за заплашување на гласачите, широко распространет притисок врз државните службеници, купување гласови, присилба и злоупотреба на административните ресурси опстојуваа во текот на кампањата. Ова вклучува директни закани за губење на работни места за оние кои нема да гласат како што се бара, се вели во заклучоците за изморите во Македонија.

Прописите кои се однесуваат во финансирањето на кампањата се сеопфатни и бараат чести известување од страна на кандидатите, се вели во заклучоците, и се додава дека сепак, транспарентноста е намалена од недостатокот на услови за поддршка на извештаите со извештаи и сметки. Извештаите доставени од страна на кандидатите на 1 и 10 декември откриле значителни прекумерно трошење.

Во врска со медиумите се посочува дека медиумскиот пејсаж кој, како што велат од ПССЕ, е многу разнолик, е поделен по политички и етнички линии.

– Кандидатите можат да водат кампања во јавните и приватните медиуми преку слободно и платено политичко рекламирање. Јавните медиуми-јавниот сервис во голема мера им обезбедија на кандидатите правична покриеност во вести. Некои од приватните медиуми покажаа пристрасност во корист на владејачката партија. Голем број соговорници на ММНИ, вклучувајќи и новинари, изразија загриженост во врска со самоцензурата и уредувачката независност, поради политичките и бизнис интересите ги фаворизираа владејачките партии. Во согласност со последните законски измени е забрането финансирање од владата на рекламирање и покривање на државните службеници за време на кампањата, значајните медиумските реформи предвидени во Договорот за Пржино треба допрва да се спроведат, вели ПССЕ.

Во заклучоците се потенцира и дека темите поврзани со меѓуетничките односи се истакнале во кампањата, вклучувајќи институционални односи меѓу етничките Албанци и етничките Македонци.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија активно бараше гласови од албанската етничка заедница, вклучително и од кандидатите од етничките Албанци. Известувањето на медиумите за кандидатите Роми често беше со стереотипи. Промените во законот и донесување на Правилникот на ДИК ги зајакна правните гаранции за решавање на споровите. Најголемиот дел од претставките до изборната администрација и судовите, сепак, беа отфрлени поради процедурална или правна основа. Управниот суд ја одржа својата расправи на затворена седница. Голем број на соговорници на ММНИ изразија загриженост во врска со независноста на судството. И покрај тоа што има подобрување во законот за спроведувањето на изборните постапки за решавање на споровите, сепак тоа не обезбеди целосен ефективен правен лек, се вели во заклучоците.

Од ПССЕ потенцираат дека изборниот ден поминал на уреден начин и без поголеми инциденти, иако, како што велат, со забележани процедурални нерегуларности, особено за време на пребројувањето на гласовите.

– Гласачите се појавија во голем број, а гласањето генерално беше оценето позитивно од страна на набљудувачите. Набљудувачите забележаа дека на голем број на луѓе не им било дозволено да гласаат, откако биле избришани од Избирачкиот список за време на неодамнешниот преглед на регистрирани гласачи. За транспарентноста на изборниот процес помогна и активното присуство на голем број граѓани и партиски набљудувачи, се вели во извештајот на ПССЕ за изборите.

Оттаму додаваат и дека Парламентарното собрание и Венецијанската комисија ќе продолжат да работат заедно со властите на Република Македонија во областа на изборите и поопшто за зајакнување на демократските институции преку активностите за соработка.

Слични содржини