Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, вчера попушти по разговорите со преговарачот Питер Ванхојте и до вечер заедно со пратеникот Мукоски го повлекоа предлог законот, од собраниска процедура. Но тоа не е се ! Пораката,  како што дознаваме,   сепак била во функција на условување  со гласањето во парламентот за  идниот миниситер за полиција од СДСМ .

сдсм и вмро

Упатените тврдат дека  се тоа е во функција на обезбедување предизборна позиција на ВМРО ДПМНЕ, и дека до 20. октомври всушност  е денот Д кој се врзува  и со нов предлог закон за „бомбите“, а ако повторно се направи притисок и спречување како  контрапритисок ќе биде блокада на изгласување на министрите кои согласно договорот од Пржино ќе треба да бидат од редовите на СДСМ, во преодната влада која ќе треба да ги спроведе изборите во Април.

Од  СДСМ  не негираат  дека ваков закон треба да биде донесен и тоа мора да го почитуваат, но во друг пакет мерки и преговори, и секако без уцени.

Поради новонастанатат ситуација не е исклучено законот за бомбите сега да биде уцена и за Изборните закони, и во тој контекст и тие да бидат врзани со датумот 20 Октомври .брифираат извори од владејачката партија. Колку за потврда на се ова ќе се види велат уште утре дали  на меѓународната заедницаќе и успее да ги седне двете страни и да испорача  папка за изборните правила  и  законска рамка  која денеска на големо сите ја најавуваат. 

Пратеникот Талад Џафери пак  порачал дека нема да  си дозволи по втор пат да биде изманипулиран.

Слични содржини