Законот за албански јазик – пред или по локални избори?

од Vladimir Zorba

Крајот на јули е оптимистичкиот термин до кога Законот за албанскиот јазик би можело да се најде во процедура во Законодавниот дом, брифираат за ТВ 24 партиски извори. Истите извори велат дека ДУИ инсистира Законот кој што е  дел од колицискиот договор меѓу Заев и Ахмети да биде завршен пред локаланите избори.

Од Мала Речица порачуваат законот е готов и само коалициските партнери треба да прецизираат тајминг. Извори од СДСМ пак велат дека на „Бихаќка“ има дилеми  дали  Законот треба да биде пред или по локалните избори. Сепак висок владин функционер близок до Кабинетот на премиерот вели дека Заев е решен да го испочитува договореното со коалицискиот партнер.

„Националистичките теми во земјава се минато, а граѓаните на 11 декември го покажаа тоа, гласајќи за мултиетничка Македонија“, вели висок владин функционер за ТВ 24.

Сепак сметките на коалициските партнери, освен партиските тактизирања може да им ги помати и Брисел. Според дипломатски извори на состанокот во Европската комисија минатиот месец, ерокомесарот Хан порачал дека за Законот за албанскиот јазик треба став да даде и Венецијанската комисија.

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини