Законот за јазиците ќе ја ослабне позицијата на македонскиот јазик

од desk2

Нов закон кој ќе отвори стари проблеми. Дали Законот за употреба на јазиците ќе ја подобри положбата на другите јазици во Македонија но на сметка на македонскиот кој ќе стане подреден.

Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик вели дека се создава паралелен јазичен систем и се губи кохезивната функција на македонскиот јазик.

„Со ваков еден закон може да кажеме дека се губи статусот на македонскиот јазик и се намалува неговото значење во Република Македонија“, објаснува Александра Ѓуркова , научен советник во Институт за македонски јазик за Телма.

Институтот имаше остра реакција и забелешки на Законот, но голем дел од забелешките воопшто не биле прифатени.

„Просто како да не се сака да се слуша мислењето на стручната јавност. Секогаш кога се појавува некоја политичка тема првенствено се става акцентот на тоа како центрите на политичка моќ се поставуваат и што е нивната цел, а стручната јавност-правната и лингвистичката, останаа тотално занемарени“, вели Ѓуркова./Телма

Слични содржини