Уставниот суд на Република Македонија примил иницијатива за оцена на уставноста на законот за специјално обвинителство, дознава „Алсат М“ од неофицијални извори.

Ustaven-sud-2014-620x365

Иницијатавата е стигната или денеска или во претходните неколку дена. Тоа значи дека, барем потенцијално, се отвора можност делови или целиот закон со кој беше избрана Катица Јанева да биде прогласен за неуставен, а со тоа да стане неуставно и обвинителството што треба да ја расчисти аферата со прислушувањето.

Со оглед на тоа што специјалното обвинителство, но и неговата шефица Катица Јанева беа договорени меѓу четирите најголеми партии под меѓународно посредништво, исходот од поднесената инцијатива може директно да влијае на пропаст и на политичките преговори.

Според некои информации, подносител на иницијативата за уставноста на специјалното обвинителство е адвокат од Свети Николе. Истото лице било едно од подносителите на иницијативата пред Уставен за Законот за знамињата во 2005 година, по која две години подоцна беа укинати неколку одредби од тој закон. Овој случај предзивика големи бранувања на политичката сцена, а резултираше и со оставка на тогашниот претседател на Уставниот суд, Махмуд Јусуфи.

Слични содржини