Законот за легализација на канабисот во медицински цели има добра основа, но потребно е да се доработи, сметаат од Здружението на граѓани „Зелена алтернатива“.

maslo_kanabis

Во моментот, според Давор Ангеловски ќе се препишува само за некои болести, но не и за сите кои може да помогне. Дополнително, докторите се уште не се подготвени за лекување со маслото од канабис, информира Телма.

Докторите ќе имаат кратка обука, меѓутоа колку ќе биде тоа доволно ќе се види во пракса. Сепак, учеле за нешто што го сметале за дрога, а сега ќе треба да го препишуваат како лек, малку е чудно како ќе се одвива тоа, меѓутоа останува да видиме. Веруваме дека треба долга обука, вели Давор Ангеловски од здружението „Зелена алтернатива“.  Чешкиот професор Лумир Хануш кој е истражувач во полето на употребата на канабисот, е против целосна легализација, меѓутоа ја оправдува употребата на канабисот во медицински цели.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини