Заложничка драма во банка во Германија

од Vladimir Zorba

Вооружен крадец влегол во банка во јужниот германски град Валдшут и како заложници држи двајца вработени, соопшти германската полиција.

„Вооружениот крадец влегол во банката денеска попладне, додека во објектот имало двајца вработени“, стои во полициското соопштение.

Полицијата имала престрелка со ограбувачот, за кој се верува дека е повреден.

Полициските единици поставија кордон во близина на банката, а властите ги повикаа граѓаните да не се движат во тој дел од градот поради тековната полициска акција./МЕТА

Слични содржини