Арбен Лабеништа, заменик министер за одбрана на Република Македонија, поднел оставка на својата функција и од сите партиски позиции и од член на ДУИ. Лабеништа ова го објави вечерва на својот Фејсбук профил.Тој наведува бројни причини за неговото целосно повлекување, а се засноваат на неговото незадоволство од начинот на кој ДУИ се однесува во текот на актуелната политичка криза и од односот на Владата кон важните државни прашања.

-Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина,пишува Лабеништа.

 

 

 

Слични содржини