Пратеничка во турскиот парламент побараа вицепремиерот Булент Аринч  да се извини на една пратеничка откако побарал таа “да молчи, бидејќи е жена”.

0,,17822587_303,00

За време на дебатата во турскиот парламент откако пратеничката направи коментар на неговата изјава Аринч се сврте кон неа со зборовите: Г-ѓо, молчи! Како жена треба да молчиш!

Тоа се случи за време на вонредната седница на парламентот на која се дебатираше ситуацијата во земјата по терористичките напади. Жените во парламентот протестираа против изјавата на заменикот на премиерот Ахмет Давутоглу и побараа тој да се извини.

Локално  потсетува дека минатата година Булент Аринч побара жените да не се смееат  на јавно место, за да не привлечат внимание на околните.

Ова предизвика огромен бран на социјалните мрежи каде што илјадници жени објавија свои слики со големи насмевки.

Слични содржини