Токму најмногу подјармената европска држава беше погодена од бегалската криза на невообичаено силен начин. Трошоците на Грција за прием и регистрирање на бегалците се огромни. Има ли сили да се справи?- анализира DW.

2B325D8900000578-3190377-Rude_awakening_One_of_the_tourists_appears_to_be_spot_the_migran-a-62_1439044784097

Гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас изјави во декември дека бегалската криза се претвора во “негативен фактор” за долгоочекуваното обновување на грчката економија. Според конечни податоци на владата во Атина, бегалската криза ќе ја чини земјата 600 милиони евра само оваа година. Во пресметките се вклучени проектираните трошоци за спасувачки операции во Средоземното Море, транспортот на бегалците до копното на земјата, разгледувањето на барањата за азил, екстрадицијата на одбиените кандидати и изградба на регистарски центри.

Една милијарда трошоци само за бегалци?

Во меѓувреме стана јасно дека трошоците ќе надминат 600 милиони и може да достигнат до околу 1 милијарда евра. Грчката влада веќе ги скрати до минимум државните трошоци поради економската криза. Истовремено ги зголеми значително даноците. Од каде тогаш ќе дојдат дополнителните пари за бегалци?

Филм на БиБиСи навестува за забранета љубов на папата Јован Павле II

“Поради лошата економска состојба на Грција, трошоците за бегалците се дополнителен негативен фактор. 600-те милиони евра за кои зборуваше Стурнарас, одговараат на една третина од заштедите кои Грција ги постигна како резултат на намалувањето на пензиите”, вели уредникот на економскиот портал “Mакрополис” Ник Малкуцис. Точно е дека земјата добива поддршка од ЕУ, но до крајот на годината таа ќе изнесува не повеќе од 150 милиони.

0,,18747833_401,00

“Грција не може да се справи со проблемот без дополнителни помош. И финансиската поддршка треба да се случи брзо и без бирократски препреки, бидејќи Грција едноставно нема пари”, вели еден од економските советници на владата.

Изгледа дека и на Европската комисија не и е сосема јасно што сака од Атина. Во својот последен извештај за напредокот на Грција, Комисијата препорача да бидат назначени дополнителни вработени кои ќе работат на барањата за азил. Во друг свој документ сепак, Комисијата го отфрла назначувањето на нови државни службеници. Реалноста е таква што во повеќето случаи за државата е поевтино да назначи нови вработени отколку да командува со достапните кадри во оддалечените краеви на земјата.

Ќе дојдат ли туристите?

Иако државните финансии се во опасност, експертите не очекуваат бегалската криза да покаже сериозен негативен ефект врз економијата клучниот економски сектор на туризмот. Грција останува една од најсигурните туристички дестинации во регионот на Медитеранот, особено во споредба со своите конкуренти Турција и Египет. “Барањето на хотелски соби во најсигурните медитерански региони ја надминува понудата. Затоа претпоставувам дека туризмот во Грција ќе ги задржи резултатите од 2015 година, а може и да ги надмине”, вели претседателот на грчкото туристичко здружение Андреас Андреадис.

Ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското Море, низ кои поминува поголемиот дел од бегалците, е малку посложена. Луѓето таму стравуваат дека во текот на летото на 2016 година бројот на туристите може да се намали. Во исто време поминуваат бегалци, чиј број стигна речиси половина милион луѓе, исто така придонесуваат за развојот на локалната економија. Тие купуваат стоки и услуги во локалните продавници, кои од своја страна брзо се приспособија кон овој нов вид трговија.

Европа пред нови искушенија

Во минатото европските влади постојано повторуваа дека темата за грчката економска криза не треба да се меша со оваа за бегалците. За жал тоа станува тешко. “Мислам дека на Грците веќе им дојде преку глава од постојаните критики од странство. Уште повеќе што европските држави не прават којзнае колку за решавање на проблемот”, вели новинарот Малкуцис, мислејќи на зголемениот евроскептицизам во Грција.

Владата во Атина се соочува со тест, бидејќи е нејасно дали кревкото парламентарно мнозинство ќе биде доволно за остварување на неопходните реформи. Ако бегалската криза отвори уште една голема дупка во грчкиот буџет, тоа уште еднаш ќе ја стави на тест европската солидарност.

Слични содржини