Почетна / Актуелно / Замрзнати водоводни цевки во Штип

Замрзнати водоводни цевки во Штип

Штипското комунално претпријатие „Исар“ поради ниските температури има проблеми со замрзнување на водоводните цевки и водомерите во домовите на граѓаните.

Поради замрзнатите цевки имаат послаб притисок на вода жителите во приградската населба Стар Карорман, а во населбата Шарадаван Баши имаат дефект, кој што екипите го отстрануваат. Ниските температури проблеми и прави и на водоводната мрежа во населбата Сењак и централното градско подрачје. Тој апелира граѓаните да не ги вклучуваат чешмите и да ги оставаат во текот на ноќта. Забележана е потрошувачка на водата како во текот на летниот период.