Западот ја принудува Украина за политичко решение на конфликтот

од Vladimir Zorba

timthumb-2

Независимаја газета – Москва

Кон крајот на неделава, страните во конфликтот во Донбас ќе започнат да ги повлекуваат војските и воената техника во три точки на линијата на разграничување. Во Петровское, Золотое и Станица Луганскаја треба да бидат создадени зони за безбедност од по четири километри. До крајот на годината се предвидува бројот на тие зони да биде зголемен. Европските посредници очекуваат дека Киев ќе започне да ги утврдува политичките решенија поврзани со уредувањето на Донбас.

Повлекувањето на војските и воената техника на трите точки, како што е предвидено од договорите од Минск, треба да започне по едноседмичен режим на тишина. Претставници на Доњецката народна република (ДНР), под чија надлежност е Петровское, изјавија дека процесот ќе започне меѓу 1 и 3 октомври, зависно од ситуацијата.

– Оддалечувањето на страните треба да стане транспарентно и во присуство на набљудувачи од ОБСЕ. Штом силите бидат раздвоени, на теренот ќе биде забрането да влегуваат војници, освен набљудувачите на Локалниот центар за контрола и координација на режимот за сопирање на огнот, соопштија локалните агнции. По повлекувањето на војските и воената техника, страните треба да започнат деминирање на териториите покрај линијата на разграничување.

Во Минск беше договорено дека набљудувачи од Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во спомнатите точки ќе ја следат ситуацијата деноноќно. Но вчера се појавија проблеми дури и при достап на набљудувачи на контролната зона во Петровское и Станица Луганскаја. Првиот заменик претседател на нисијата на ОБСЕ во Украина, Александар Хуг, вчера замина за Донбас, каде лично ќе ја проценува ситуацијата. Според агенцијата ДАН, тој во Донбас ќе разговара со раководството на ДНР. До излегувањето на овој текст, немаше вести за таква посета.

Европските посредници во мировната операција се убедени дури и овие малку точки за безбедност во конфликтот водат од примирје кон мир. Според нивни претставници, бројот на вакви зони може полека да се зголеми на 10, а потоа и на 50. Дали на крајот тие ќе ја опфатат сета таа линија на разграничување, не се знае. Впрочем, Минските договори не предвидуваат решенија со точки, туку се наметнува брзо повлекување на војските и воената техника по должината на целата линија на разграничување. И не на два километри длабочина на тие територии, туку најмалку 25 км. од едната и од другата страна.

Од почетокот на годината, Украина настојува договорите од Минск по следниот редослед: прво, сите ситуации поврзани со безбедноста (вклучително и последната – ОБСЕ да ја преземе контролата врз граничната линија со Русија), потоа сите активности поврзани со решавање на политичките прашања. Претходно, несолгасување со тој редослед изразија републчиките во Донбас и Русија, Тие инсистираат проблемите околу безбедноста и околу политичкото уредување напоредно да се решаваат. Русија инсистира сите точки од Минските договори да се исполнуваат според ресдот како што се наведени. При неодамнешната посета на Киев, министрите на дипломатијата на Германија и Франција, Франк-Валтер Штајнмаер и Жан-Марк Еро, фактички ја поддржаа таквата позиција.

Според извори на весников, минатата недела на преговорите во Минск за првпат се се дознало дека има „формула Штајнмаер“, со чија помош европските посредници планираат да го решат конфликтот. Пратеникот од Врховната рада, Сергеј Соболев, претставник на партијата Баткившчина, во интервју за телевизијата 112 Украина рече дека формулата дефакто е ултиматум поставен од украинците. Европските посредници сакаат од Киев да организира избори во Донбас, и да му даде специјален статус без да чека да бидат решение сите воени проблеми и да биде воспоставена украинска јурисдикција во регионот. Но украински државници исто така тврдат дека во Донбас треба да биде испратена мировна мисија под закрилата на ОН или на ОБСЕ, посочувајќи дека засега Москва го блокира решавањето на проблемот.

Украинската опизиција уште пролетта предложи своја варијанта за решавање на проблемот – таа за недозволиво го смета воведувањето на специјален статус за два региони без таков да имаат останатите 23; тоа сигурно нема да ја заштити земјата. Станува збор за децентрализација – центарот да одговара за одбраната, безбедноста, надворешните работи и оној дел од националната инфраструктура која не можат да ја преземат одделни региони, а сето останато треба да е работа на локалните совети.

Деновите слични идеи сподели пратеничката од Баткившчина во Врховната рада, Надежда Савченко. „Не може да има специјален статус за некој регион. Затоа што утре ќе дадеме специјален статус за Волин, потоа за Задкарпатието, за Одеса – и тоиде, држава веќе ја нема…“. Таа изјави дека е неопходна реформа на уставот, која ќе ги распредели полномоштвата за сите региони. „Одамна е време за децентрализација кај нас, како што побара Мајданот. Луѓето не сакаат сите срдества да бидат собрани само во рацете на Јанукович, а сега според мене тие не сакаат средствата да бидат собрани во рацете на претседателот кој е на функција“.

Савченко прецизираше дека реформа треба да се направи откако „руските војски бидат исфрелни вон границата, и меѓународната граница биде затворена“.

Експертите во Киев признаваат дека ситуацијата во оваа фаза е безизлезна. На меѓународно ниво, сеуште не е определено која е вората страна во спротивностите во Донбас. Затоа испраќањето миротворци е нешто многу сомнително. Без нив Киев нема да може да го оствари својот план. Дали Врховната рада ќе го одобри планот, наречен „формулата на Штајнмаер“, останува нејасно. Пропретседателската група во парламентот би можела да добие поткрепа од некои опозициски сили за да добие мнозинство – 226 гласа. Но, според самите депутати тоа би довело до конфликт и поделба на радата, што би можело да прерасне во политичка криза.

– Време е за референдум кој ќе ја определи иднината на Украина, смета украинскиот професор Сергеј Дашок. „Според некои анкети, две третини од украинците мислат дека Минските договори не го решаваат проблемот. И горе-долу тврдат дека Украина треба да ги исполни“, напомнува тој.

Штом Киев и Москва ќе можат да се разберат, тогаш општеството нека си го каже ставот. Дашок предлага три прашања кои ќе определат како граѓаните ја гледаат иднината на Донбас. Прва варијанта: во составот на Укранина при исти услови како и останатите региони. Второ, во составот на Украина, но со специјален статус и проширени нолномоштва. Трета варјанта е територијата на Донбас, која не е под контрола на Украина, да биде исклучена од составот на земјата./цитира а1он

Слични содржини