Запален автомобил, истепан средношколец, сообраќајка, кривични за: насилник, силувач, рекетари, фалсификатор…

од desk3

policija-11
На 29.09.2016 година во 21,40 часот во с.Батинци – Скопје кај училиштето, од засега непознати причини целосно било изгорено патничко возило “Нисан Навара“ сопственост на А.Д.(48) од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистувањена настанот.
На 29.09.2016 година во 22.30 часот во ПС ОН-Гази Баба, К.А.(1968) од с.Визбегово – Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на бул.„Александар Македонски“ над неговиот 17 годишен син ученик во СУЦ„8-ми Септември“, му било извршено насилство од страна на повеќе лица. Имено, додека истиот бил на училиште дошле лицата со цел физички да го нападнат неговиот другар, но тој побегнал внатре во училиштето, а неговиот син со уште еден ученик се упатиле кон автобуската станица, каде без повод и причина биле физички нападнати од лицата. Другиот ученик успеал да побегне, додека лицата продолжиле да го удираат неговиот син со тупаници и клоци по телото и главата и во моментот кога почнал да бега, бил попречен, паднал и се здобил со ТТП-скршеница на рака, по што лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.09.2016 година во 11,50 часот во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Фолксваген Голф“ управувано од А.Б.(1991) од Тетово, и ПМВ„Даеву Матиз“ управувано од И. Т. (1996) од Куманово. Во незгодата со ТТП се здобил сопатникот во ПМВ„Даеву Матиз“ И.Ј.(1977) од Куманово, кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Куманово бил препратен во КЦ-Скопје, а додека возачот И.Ј. и сопатниците Л.Т.(1952) од Крива Паланка и Н.Б.(1963) од Куманово, се здобиле со ТП и се задржани во МЦ-Куманово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово.
Во врска со настанот кога на ден 06.08.2016 година околу 13.30 часот во близина на бензиската пумпа во село Градец, М.Г. со синот Н.Г. и сопругата М.Г. сообраќал на релација село Градец – село Сенокос со патничко возило ,,Фиат Стило“, при што во еден момент Х.Б. со товарно возило ,Цитроен“ се движел во истиот правец и ги испрскал со атмосверска вода, по што запрел. По ова помеѓу непознато лице и Н.Г. настанала расправија, а кога М.Г. сакал да го оттргне син му од расправија непознатото лице со нога го удрило М.Г. во пределот на градите. Потоа М.Г. го ставил во погон возилото и се упатил накај дома, но бил следен од возилото кое го управувал Х.Б. и по патот неколку пати удиран во задниот дел од неговото возило. Во селото Неготино во близина на амбулантата Х.Б. ги заобиколил и овој пат неколку пати со возилото ги удирал во нивното возило од предната страна. Кога Н.Г. се обидел да излезе од возилото Х.Б. со метален предмет клешти – папагалки замавнал кон него и го удрил во левата надколеница , а потоа продолжил да удира по нивното возило по шофершајбната, кровот, стаклото, штоп светлото. Кога забележал случајни минувачи Х.Б. влегол во возилото и го напуштил самото место. Н.Г. и М.Г. потоа се обратиле за медицинска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, каде биле констатирани телесни повреди. НК за КР – Гостивар го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против Х.Б.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.
Во врска со настанот од 17.09.2016 година во СВР-Струмица, кога 29 годишна жена со времено престојувалиште во Велес, пријавила дека истиот ден околу 22.00 часот додека била во с. Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг Д. Ц. од истото село и пришле две непознати машки лица, кои и рекле дека го познаваат нејзиниот поранешен сопруг и дека знаат каде е во моментот. Потоа сите заедно тргнале кон м.в. „Трските“ со намера да го најдат. Кога пристигнале едното од лицата физички ја нападнало удирајќи ја во пределот на главата и телото, обидувајќи се да изврши полови дејствија над истата, при што истата успеала да се ослободи и да избега до селото од каде го пријавила случајот. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за лицата А.Д.(18) и 15 годишно лице двајцата од с.Василево. СВР-Струмица, расчисти случајот и поднесена е кривична пријава против А.Д.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

НК за КР – Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М.(28), Ј.И.(26) и С.В.(19) сите од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда“. На ден 06.08.2016 година во Гостивар со намера за себе или друг да прибават противправна имотна корист со сериозни закани и сила сакале да изнудат парични средства во висина од 10.000 денари од лицето И.М. од Гостивар на име долг во износ од 10.000 кој истиот не го должел. По преземени мерки било утврдено дека И.М. од Н.М. зел на заем 2.700 денари пред околу 18 месеци, а по два месеци му вратил 700 денари и му останал должен 2.000 денари. Пред околу една година Н.М. започнал да му се заканува и физички да го малтретира. На 06.08.2016година околу 21.00 часот на И.М. му се јавил брат му и му рекол да излезе надвор, при што од патничко возило „Голф“ излегол брат му и Н.М., при што Н.М. и И.М. влегле во возилото во кое биле и Ј.И. и С.В. назад каде што седнал оштетениот, по што Н.М. го стратувал возилото и заминале од самото место. Тогаш првопријавениот му рекол дека ќе разговараат, а второпријавениот се свртел и го удрил по десното рамо, по што оштетениот се исплашил, ја отворил вратата и скокнал од возилото. Од падот се здобил со телесни повреди по што успеал да избега дома.

НК за КР – Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“. На 17.08.2016 година во Охрид откако предходно на фотокопир изготвила лажно известување, истото му го дала на лицето А.М. од Гостивар за да го употреби како вистинито во банка во Гостивар за да отвори жиро сметка за прилив на 135.000 евра врз основа на судска одлука. Од страна на извршената контрола во банката на известувањето е констатирано дека се работи за фалсификуван документ. Од преземени мерки и извршени разговори со С.М. и А.М. утврдено е дека пријавената без знаење на нејзиниот сопруг, сама ја изготвила содржината на фалсификуваното известие на негово име и од неговата оригинална книшка го фотокопирала и го фалсификувала правоаголниот печат со потпис на овластено лице на банката.

Слични содржини