Запалена фабрика за сулфур во близина на Мосул, стотици лица затруени

од Vladimir Zorba

mosul-irak

Стотици луѓе побарале медицинска помош поради проблеми со дишењето од отровните испарувања кои почнале да се шират од фабрика за сулфур во близина на Мосул, која најверојанто била запалена од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските медиуми.

Засега нема пријавено смртни случаи поврзани со инцидентот, соопштиле од болницата во местото Каијари, близу Мосул.

Според војската на САД, фабриката за сулфур била намерно запалена неделава од милитантите на ИД кои биле потиснати од областа од страна на ирачките сили. На американските војници веднаш им биле поделени гас-маски и друга заштитна опрема.

Пожар во оваа фабрика имало и во 2003 година, кој траел три недели. Загадувањето на воздухот во Мосул тогаш било огромно, а целата вегетација што била на отворено изумрела од отровните гасови./Meта

Слични содржини