Шеесет и шест годишната Јанг Фенг Глан една е од најглавните карики во ланецот за илегална трговија со слонова коска, поради која во изминатите неколку децении се убиени повеќе од половина милион од овие животни. Таа конечно е уапсена во Танзанија.

677598_sl-1_ff

Освен Глан, уапсена е и цела група на кинески криумчари. Апсењето е плод на едногодишна акција во која е следено движењето на „кралицата на слоновите“.

Јанг Фенг Глан неколку дена ќе биде испитувана во полиција, пред да биде префрлена во затвор. Полицијата се надева дека таа ќе открие имиња на корумпирани функционери кои знаеле за масовното убивање на слонови и криумчарење на слонова коска. Кинескињата без нивна помош немала шанси толку долго време успешно да царува со овој црн бизнис.

 

Слоновата коска во Кина е статусен симбол на нопопечените богаташи. Глан во периодот од 2000 до 2014 прокриумчарила слонова коска во вредност од најмалку три милиони долари. Полицијата на Танзанија се сомнева декаа таа со илегална трговија се бави уште од 1980 година.

Бројот на слонови се смалува со голема брзина. Пред 50 години во Танзанија имало 350 илјади слонови, а денес има едвај 100 илјади,

 

Слични содржини