Заплакаа откако Мила Кунис им ја платила обновата на куќата на своите родители

од Vladimir Zorba

Марк и Елвира веќе 25 години живеат во куќата која со тек на време им станувала се „помала„. Мила ги наговарала на преселување, но тие не го сакале тоа. Поради тоа одлучила да ги изненади со реновирање.

Мила Кунис (33) се одлучила да направи нешто што нејзините родители не го ни сонувале. Глумицата заедно со компанијата за уредување на домови Houzz ја реновирала куќата во Калифорнија во која живеат веќе 25 години.

Ја купиле кога од Украина дошле во Америка , а Мила во неа го поминала детството . Иако глумицата и нејзиниот сопруг Ештон Качер (39) неколку пати им понудиле да им купат нова куќа , Марк и Елвира не сакале да се иселат од својот дом

„Не можев да допуштам моите мајка и татко да живеат во оваа куќа. Бидејќи не сакаа нова, одлучивме да ја реновираме- вели Мила.Најголем проблем беше недостатокот на простор.

Мила им рекла на родителите дека треба да се иселат на шест недели, но не им кажала поради што. Кога конечно се вратиле, не можеле да ги запрат солзите .Сега има место и за шест внучиња- се пошегувал таткота на Мила Марк./Св В.

Слични содржини