Претставници на Црвениот крст на Република Македонија, на центрите за социјална работа и на загрозените општини направиле попис на она што е уништено и според нивната проценка потребни се над 10 милиони денари за санација на штетите. Од донациите на трите телефонски броеви и од солдарната сметка на Црвениот крст се собрани вкупно 12 милиони и 889 илјади денари.

images

– Направени беа записниции, по што се направи детална проценка која покажа дека за санирање на овие штети се потребни над 10 милиони денари кои семејствата треба да ги добијат до наредната недела – рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Средствата кои ќе останат по првичната дистрибуција до 260-те семејства, ќе се доделуваат откако ќе се направат дополнителни проценки за нивните потреби.

Во Битола има 58 семејства кои претрпеле штети, во Новаци три, во Могила 33, во Кичево 69 семејства, во Струмица 19, во Босилово 10, во Неготино 10, во Прилеп 13, во Кривогаштани и Демир Хисар по седум, во Ресен 11 и во Штип, Кавадарци, Гостивар, Чеишиново-облешево и во Пехчево по четири семејства.

Од Црвен крст велат дека до погодените семејства биле дистрибуирани 1.026 пакети со прехранбени артикли, 1.047 пакети со средства за хигиена, 2.582 ќебиња, 382 тони вода за пиење, 425 пара гумени чизми, 100 душеци и 780 литри средство за дезинфекција.

Акцијата за донации преку телефонските броеви е веќе завршена, а отворена останува сметката на Фондот за солидарност за сите заинтересирани кои сакаат да донираат.

Мета

Слични содржини