На тениските терени на „Роланд Гарос’’ во Париз, денеска започнува вториот овогодишен Гренд-слем турнир, Отвореното првенство на Франција, а ќе се игра се до 7 јуни.

рланн

Главен фаворит за трофејот во машка конкуренција е најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ кој во 1.коло за противник ќе го има Јарко Ниеминен.

Главен конкурент на Србинот, ќе ми биде Роџер Федерер кој ќе атакува на 18-тиот Гренд-слем трофеј, почнувајќи во дуелот против Алехандро Фаља од Колумбија.

Третиот носител Британецот Енди Мареј во првата рунда ќе игра против Фасудо Агуељо од Аргентина. Шпанецот Рафаел Надал кој беше неприкосновен изминатите десет години на терените во Париз, каде триумфираше дури девет пати, овојпат е дури шести носител на „Роланд Гарос’’.

Во женска конкуренција, покрај Американката Серена Вилијамс која е прва носителка и прва на ВТА листата, најголеми шанси за триумф и се даваат на минатогодишната победничка Русинката Марија Шарапова.

Вилијамс во првото коло за противничка ќе ја има Андреа Хлавачкова од Чешка, додека Шарапова ќе игра против Каиа Канепи од Естонија/МИА

Слични содржини