Запознајте го Мајли синот-копија на Мел Гибсон

од Vladimir Zorba

Како својот татко во помладите години, 26-годишниот синоок убавец помина со својот татко по црвениот тепих во понеделникот вечерта, на премиерата на филмот “Hacksaw Ridge” во Беверли Хилс.d08060636da05acb2281bc55de893566

Мајли Гибсон е вистинска помлада верзија на познатиот татко со пуштената брада, слична на онаа на Мел, но пократка.

Во моментов холивудскиот актер е на врвот на славата враќајќи се во Холивуд како режисер, по речиси 10-годишна пауза.

Мајли пак има мала улога во лентата на татка си, во која главните ликови се доверени на актерите Тереза Палмер, Ендрју Гарфилд, Сем Вортингтон и Винс Вон.

Мајли е шестото дете на ѕвездата од “Храбро срце” и неговата поранешна сопруга Робин Мур.

Двајцата имаат вкупно седум деца, а Мел има и 6-годишна ќерка – Луција, од неговата поранешна девојка Оксана Григориева.

Во моментов тој го очекува деветтото дете од сегашната сопруга Розалинда Рос. На прашањето како се чувствува од фактот дека повторно ќе станува тато на 60 години, тој рече: “Се чувствувам среќен.”

Што се однесува до полот на идното бебе, Мел се пошегува: “Може да погодувате и ќе бидете 50 отсто во право.”

Мел и бремената Розалинда; Фото: gettyimages.com

Слични содржини