Заробена држава или евроатланска перспектива: Жестока расправа меѓу евроамбасадорот Жбогар и пратеникот Милошовски

од Vladimir Zorba
Кој ги зароби интегративните процеси на Македонија. Заробена држава или заробена евроатланска перспектива. Жестока расправа на евроамбасадорот Самуел Жбогар и пратеникот Антонио Милошовски на Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше извештајот за Македонија во 2016, информира ТВ24. 
„Вие направивте еден исчекор кој не е доволен. Ве повикувам да заборавите на конфликтите и да се фокусираме на сегашноста и иднината. Заедно сме посилни. ЕУ и нејзините членки ќе останат ваши цврсти партнери на вашиот пат“ – изјави Самуел Жбогар.
„Кога зборуваме за заробена држава, би кажал поинаку. Имаме заробена европска перспектива од 27 годишна блокада од една држава членка на ЕУ. Жбогар беше министер за надворешни работи од 2008 до 2012. Имавме и претседавање од Словенија и ниту еднаш не ни била упатена забелешка.“ – изјави Антонио Милошоски.
Подадена рака за соработка со опозицијата има истакна пратеничката од СДСМ Фросина Ременски која исто како и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи порачаа дека првите три месеци се клучни за Македонија да ги испорача првите сигнали дека е спремна да биде членка на унијата. Реформите во судството велат се неизбежни но и надпартиските интереси.
„Потребите за забрзување на интеграцијата, планот содржи две главни начела. Првиот е адресирање на итните реформи и вториот елиминирање на политичките сензитивни препреки“ – изјави Бујар Османи.
„Од аспект на нашата заедничпка одговорност за интерес на Македонија, парламентарното мнозинство е спремно, подадовме рака за соработка во интерес на процесите во Македонија“ – изјави Фросина Ременски.
На собраниската комисија присуствуваа и амбасадори но и претставници на меѓународната заедница во Македонија. Пораката која едногласно треба да се испрати според владините претставници е дека Македонија треба да се најде високо на агендата на унијата за време на претседавањето на Бугарија но и престојнио9т период кога на кормилото на унијата ќе бидат и  Австрија и Унгарија./извор ТВ24

Слични содржини