Засилена дипломатска офанзива – Јункер, Хан и Могерини за два дена во Скопје

од desk4

После одлуката на Грција да го тргне ветото за членство во иницијативата, Македонија во Мај може да стане дел од Јадранско – јонската група.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос испратил писмо до до еврокомесарите Јоханес Хан и Корина Кретсу во кое пишува дека Грција нема да го блокира членството на Македонија.

Во Брисел пак денес на заеднички состанок разговараа грчките и бугарските премиери Ципрас и Борисов со германската канцеларка Меркел. Грчката новинска агенција АНА – МПА вели дека Ципрас со европските колеги ќе разговара и за проблемот околу името, информира ТВ24.

Во однос на проблемот денеска се огласи и поранешниот преговарач во Македонија Џејмс Пердју кој вели дека Грција мора да размисли да го реши спорот, бидејќи и самата ќе се најде во регионална изолација. После оваа и пораките на еврокомесарот Хан, грчките медиуми велат дека се зголемува притисокот врз Атина за решение, но портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос тврди дека притисок нема.

„Она што треба да разбереме е дека во конкретното прашање постои можност, во овој момент, Грција и соседната земја да најдат заедничко компромисно заемно прифатливо решение кое ќе направи добро и за двете земји, но и за Балканот во целост, бидејќи ќе ја промовира, ќе ја зацврсти стабилноста во поширокиот регион“, вели  Димитрис Ѕанакопулос – портпарол на грчката Влада

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, вчера за време на посета во Јанина, и церемонијата по повод ослободувањето од османлиското владеење, се закани на Турција и на Македонија качувајќи се на тенкови на грчката армија.

„Името што сакаат да го користат и кое е и во нивниот Устав е име што брутално ја фалсификува историјата и поради тоа зрачи со ирационалност, не е во согласност со меѓународното право, со Повелбата на НАТО и со европското законодавство“, вели  Прокопис Павлопулос, претседател на Грција

Порталот Иефимерида пред посетата на грчкиот шеф на дипломатијата на Скопје Коѕиас вели дека нацрт спогодбата која ќе биде донесена во Скопје е веќе подготвена и дека има 20 страници. Повикувајќи се на свои извори порталот пишува дека нацрт спогодбата не ги содржи само грчките позиции, туку ги зема предвид и позициите на другата страна, а откако дипломатскиот документ ќе добие зелено светло од грчката влада, ќе биде доставено до македонската страна.

Слични содржини