Застрашувачка статистика: Во САД од огнено оружје секојдневно страдаат 19 малолетници

од desk3
Центарот за контрола на сигурност и болести во Соединетите Американски Држави објави извештај во кој се наведува податокот дека во оваа земја од вооружени напади секојднево се ранети или убиени најмалку 19 малолетници.

Извештајот се однесува на периодот од 2002 година до 2014 година и за малолентици на возраст до  17 години. Според податоците на Центарот, во САД секоја година од огнено оружје гинат блиску 1.300, а се ранети 6.000 малолетници. Во тие бројки се вклучени и случаите на самоубиство со огнено оружје. Во споредба со 2007 годин во САД од нападите со огнено оружје се убиени 1.038 малолетници, а во 2014 година бројот на убиени во такви напади е смален на 699 лица. Меѓутоа, 2007 година саоубиство со огнено оружје извршиле 325 американски малолетници, а седум години покасно оваа бројка се зголемила на 532 малолетници.

 

Слични содржини