Затворена уште една метро станица во Санкт Петербург

од Vladimir Zorba

 

Уште една станица во метрото во Санкт Петербург, Достоевскаја е затворена за патници, јавија руски медиуми.

Според нив не се соопштени причините за затворањето на таа метро станица.

Претходно беше затворена и метро станицата Сенаја Плошчад во по анонимен телефонски повик со кој се предупредува на нов можен напад. Истовремено, голем број пожарникарски возила се испратени пред метро-станицата.

Во експлозија во метро станица во Санкт Петербург вчера загинаа 14 луѓе и беа повредени 49 од кои четворица се во критична состојба.

Слични содржини