Затворот решение за самотија

од Vladimir Zorba

Повозрасната популација во Јапонија се чувствува изолирано, па се почесто се насочува кон криминал во надеж дека затворот ќе им овозможи нов дом, пренесува британски „Индепендент“.

Ваквата практика се должи на отсуството на грижа за повозрасните од страна на семејствата, што порано претставуваше традиција во Земјата на изгрејсонцето. Тоа го докажуваат и статистичките податоци според кои бројот на стари лица што живеат сами во Јапонија, се зголемил шестпати во перидот помеѓу 1980 и 2015 година, на шест милиони.

Згора, истражувањето спроведено во Токио во 2017 година, покажало оти 50 отсто од повозрасните лица кои краделе, живееле сами, додека 40 отсто од нив немале семејство, ниту роднини.

Слични содржини