Затворски казни за кривичните дела против изборниот процес

од desk4

Кривичните дела против изборите и гласањето се уредени во посебна глава од Кривичниот законик на Република Македонија.

Тука спаѓаат спречување на избори и гласање, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, злоупотреба на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, повреда на тајноста на гласањето, уништување на изборни исправи, изборна измама и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања.

Според Член 158 од кривичниот законик, за овие кривични дела е предвидена казна затвор од најмалку 3 до 5 години. Исто така, во член 165 б од Кривичниот законик пропишано е задолжително изрекување на казната забрана за вршење на професија, дејност или должност и забрана за користење на средства за финансирање на политички партии.

Слични содржини