Во Клубот на пратениците во Скопје заврши двочасовната средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.

На денешната средба, на која како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав, Груевски и Заев ги информирале Ахмети и Тачи за минатонеделните разговори во Стразбур во кои посредуваа европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и ервокомесаорт Јоханес Хан.

Рамката на преговори се уште не е дефинирана.

Според првиот опозиционер  Заев, тие  имале решенија што се брзи и можни но кои не зависат само од опозицијата.

“Овие решенија би можеле да ја олабават ситуацијата во земјава. Оставки ако паднат значително ќе ја олабават ситуацијата” – рече Заев.

Премиерот Груевски не даде изјава, а во името на владејачката партија, Илија Димовски потврди дека разговорите денеска биле во таа насока и за сега не можел да обелодени никакви детали.

И од албанскиот блок партии не сакаа да дадат детали за средбата.

Други детали од денешните разговори не се соопштени. Најавена е нова лидерска средба во почетокот на наредната недела, но не се прецизира точниот термин

Слични содржини