Заврши средбата на тројката европартеници Вајгел, Кукан и Ховит во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.

vajgel-kukan-hovit

Никој од нив не даде изјава за медиумите, само беше најавено заедничко соопштение.

Тие предходно во текот на денот имаа одвоени средби до сите политички лидери на партиите СДсМ, ДУИ и ДПА.

Неофицијално во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ, не дојде лидерот Никола Грувски.

И иако беше најавено дека можени премиерот Емил Димитриев ќе се сретне со нов, тој само на Фејсбук напиша дека доколку не се организираат избори, што беше основната работа заради која се формираше техничката влада, потребно е враќање на политичката влада, која според него имала полн легитимитет од граѓаните.

Во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ пристигна и американкиот амбасадор Џес Бејли на средба со партискиот врв.

Слични содржини