Сѐ повеќе луѓе почнуваат да  обрнуваат внимание на начинот на кој се хранат и најмногу на тоа колку производите кои ги консумираат, се корисни. Одамна тестенините не се најсоодветното нешто за човек да доручкува. Освен така популарните мусли и овесни каши, смутито исто така е добра алтернатива.6ca1e1d3171a1f82f0b361084853d61f

Се разбира, здравствиот шејк не е погоден за исхрана исклучиво наутро, туку во било кој друг дел од денот. Добрата работа кај него е дека екрајно корисен и полн со мноштво хранливи материи , како и дека може да биде навистина вкусно.

Еве и кои се потребните производи, со кои може да го приготвите:

* Состојките се доволни за 8 дози.

– 2 чаши јогурт;

– 1 чаша млеко – по желба може да користите бадемово, соја и т. н .;

– 2 чаши ананас (од конзерва);

– 1 чаша зелено грозје (по можност без семки);

– 1 зелено јаболко – исчистено на ситни парчиња;

– 1 круша – исчистена на ситни  парчиња;

– 1 банана – излупена;

– ½ врска кељ(или бејби спанаќ);

– ½ чаша мед;

– Мраз – по желба;

Начин на приготвување:

1. Ставете ги во блендер сите производи, со исклучок на кељот / бејби спанаќот.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Ако одлучите да ставите мраз, додадете го и него.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Миксајте ги производите, додека се добие хомогена смеса.

Фото: thepioneerwoman.com

4. Потоа додадетего кељот/ бејби спанаќот и повторно измешајте до добивање на хомогена смеса.

Фото: thepioneerwoman.com

5. Конечно додадете го медот и повторно измешајте за кратко.

Фото: thepioneerwoman.com

6. По 5 минути веќе треба да имате вкусен и здрав шејк.

Фото: thepioneerwoman.com

Слични содржини