Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Eве Иванов веќе зборува за амнестија на насилнициите. Биле заведени од толпата и покажале емоции. Од силината на емоциите фотељи летаа и сталаци за камери глави кршеа. А професионалните полицајци што ги носеа фантомките не ги носеле за да си ги скријат лицата. Туку за да си ги скријат емоциите.

Амнестијата веќе почна. Судовите што измислуваа разни вештачења и прибираа мислења од заводи за заштита на културно наследство за овие што скршија еден излог и боеја фасади, сега имаат разбирање за емотивците. Едниот дури ни полицијата не можела да го најде дома. Оти е во домашен притвор.

Впрочем, зошто би било чудно ако судот два пати укинува притвор за лице што е во бегство и е осомничено за фалсификување документи на тендер, кога триесет кандидати за обвинители на конкурс се јавиле баш со фалсификувани документи? Ако јавноста го знае името на Сеад Кочан осомничен за фалсификат, зошто да не ги знаеме и имињата на обвинителите осомничени за фалсификат?

 А вие продолжете да му се смеете на Груевски кога оди да отвара експресни патишта и да најавува нови инвестиции. Со ова темпо, дури и екстерното ако се укине, тој ќе си ги прати ќерките на полагање.

„Ха ха, ха, нека му каже некој дека не е премиер“.

Ама не е за смеење. Не е ни за зафркавање. Тоа што го потценувате и му се смеете не е негов проблем. Не е тој ни луд ни глупав. Тој одлично знае дека не е премиер. Ама знае дека на своите 450.000 гласачи на кои им се обраќа, најважно од сè им е да им покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е уште моќна и има контрола. И дека идат локални избори на кои Груевски е решен да победи. А Влада уште нема.

Здраво Зоки. Не знам што е тука смешно.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

Слични содржини