27062014172435_E75FFF5CD68F865A9E23CCE81416C292

Здружението на приватни лекари на Македонија е против одлуката на директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова да си поднесе оставка, истакна на денешната прес – конференција во Велес, д-р Лилија Чолакова Девишова претседателка на здружението.

– Сметаме дека со тоа ќе настанат катастрофални последици по примарното и приватното здравство, бидејќи таа и нејзиниот тим се луѓето коишто го почитувале овој ресор и кажале дека матичните лекари се столбот на здраствениот систем. Направени се безброј работилници и средби и работите во здраството се поместени на подобро,потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа потсети дека сите визии кои Здружението на приватни лекари на Македонија ги поставило заедно со директорката Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим, се суштински и реално функционираат во нашиот здраствен систем.

– Како приватен сектор побаравме централна база на податоци директорката Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим тоа го направија реалност,побаравме електронски пријави и одјави и тоа функционира,побаравме намалување на цените не лековите со цел да бидат подостапни за пациентите и тоа се направи,побаравме режимот на лекови да се промени и тоа се направи. Заедно го правевме критериумот за новите боледувања, ги направивме упатувањата и новиот начин којшто постои од ред две-три години. Затоа сметам дека сите овие работи кои се суштински за приватното и примарното здравство и целокупниот здраствен систем, Македонија и премиерот и Владата не смеат да дозволат луѓето коишто придонесуваат и имаат капацитет да ги изработат работите, да си поднесуваат оставки и да бидат жртви за нешто што не го направиле, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека Здружението заедно со ФЗОМ има направено уште многу проекти и начелно договорено уште многу проекти, а имаат преговори коишто не се завршени и затоа оставката на Парнарџиева Змејкова, ќе придонесе до негативни тектонски пореметувања во односите како ФЗОМ и примарно здравство.

Одговарајќи на новинарско прашање и констатацијата дека малата Тамара според наодите од обдукцијата починала од бронхопнеувмонија д-р Чолакова Дервишова појасни дека како претседателка на Здружението, а со грижа кон нејзините матични лекари уште првиот ден по смртта на малата Тамара отишла да истражи каква била ситуацијата и дали нејзиниот матичен чекар направил некоја професионална грешка и направи пропуст.

– Во моите професионални контакти со матичната докторка на малата Тамара ми беше кажано дека не се случило никаков преглед на малата Тамара и тоа со месеци наназад. Последен пат мајката била дојдена кај матичната лекарка во август минатата година и тоа само да земе упат.И тука се само информациите кои службено беа дадени од Брзата помош каде родителката се изјаснила дека детето имало бронхит, воошто не било однесено на доктор и не е лекувано, информира др-Чолакова Дервишова.

 

Фото: Нова Македонија

Слични содржини