Европската унија им порача на шесте земји од Западен Балкан кои се стремат кон членство во Заедницата, дека ќе треба да применат тешки реформи пред да им биде дозволено да се приклучат на богатата заедница, пренесува “Ројтерс” од Софија.

 

Загрижен за растечкото влијание на Русија и Кина на Балканот, ЕУ започна нова интегративна кампања , давајќи и на Србија и Црна Гора претпристапен датум до 2025 година.

Но, многу земји-членки на ЕУ остануваат претпазливи во врска со признавањето на Западен Балкан откако регионот во 1990-тите и натаму е обележан со етнички војни и е познат по широко распространетото беззаконие.

Тие нагласуваат дека кандидатите кои ги вклучуваат и Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина мора да го подобрат својот демократски став и да го искоренат рекетирањето и организираниот криминал .

“Секој сфаќа дека условите што треба да бидат исполнети, дека квалитетот е пред брзината дека стратегијата не е покана за занемарување на условите”, истакна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за време на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ и Западен Балкан во Бугарија, која моментално е ротирачки претседател на Советот на ЕУ.

Германија го води кампот на скептиците , нагласувајќи дека тековните проблеми со корупцијата и владеењето на правото се и во земјите кои се приклучија кон ЕУ во 2004 и 2007 година, вклучувајќи ги Бугарија, Романија, Полска и Унгарија.

“Важно е да се оди напред, но од двете страни, ние мора да бидеме отворени и мораме да притисниме за многу реформи”, рече белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рендс.

Регионалните спорови, исто така, го попречуваат процесот на пристапување, додека Србија и некои земји-членки на ЕУ одбиваат да ја признаат независноста на Косово, додека Македонија сé уште има спор со јужниот сосед Грција за нејзиното име.

Шпанија, каде што конфликтот меѓу централната влада во Мадрид и сепаратистите во Каталонија се интензивираше во последниве месеци, е меѓу петте земји-членки на ЕУ кои не го признаваат Косово.

  Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров изјави дека се надева дека дипломатските напори наскоро да доведат до компромис за името со Грција, која го блокира обидот на Скопје за членство во Заедницата.

“Ние правиме сé за да имаме политичко решение во јуни”, рече Димитров, надевајќи се дека ЕУ ќе се согласи да ги започне разговорите за пристап со Скопје во тоа време.

Неговиот албански колега рече дека на регионот му се потребни пари за развој од ЕУ, а не само совети за зајакнување на демократијата .

“Владеењето на правото е прво, но нема владеење на правото без економски развој “, рече првиот албански дипломат.