Земјотрес од 5,7 степени го погоди јужниот Пацифик

од Vladimir Zorba

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди реонот на островската држава Тонга во јужниот дел на Тихиот Океан.zemjotres

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 268 километри јужно од тонганскиот остров Нукуалофа. Земјотресот се случил на длабочина од 58 километри под дното на Океанот.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани матријални штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.

Тонга е монархија распространета на 172 полинезиски острови и има околу 100.000 жители

Слични содржини