Земјотрес повторно го стресе Егејското Море

од Vladimir Zorba

Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Егејското Море во реонот на округот Измир, соопшти турската телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).
Епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина 9,88 километри, недалеку од градот Карабурун.

Потресот е регистриран во 5,48 часот и е почувствуван во Измир, Карабурун и уште многу градови во регионот. Директорот на канцеларијата во АФАД во округот Измир Осман Метин Сароглу, изјави дека според првичните податоци при потресот нема повредени или причинета материјална штета.

Тој соопшти дека тим на АФАД се упатил кон градот Карабурун. Секундарните потреси во регионот продолжуваат по силниот земјотрес од 6,2 минатата недела во морето меѓу грчкиот остров Лезбос и турскиот град Карабурун. Според Европскиот сеизмолошки центар денешниот земјотрес бил со јачина од 4,9 степени.

Слични содржини